Поволноста по заштитата од вакцина е повеќекратна, а нуспојавите се незначителни

Од:

Во рамките на Неделата на имунизација денеска во ЈЗУ Здраствен дом во Велес се одржа заедничка прес- конференција на четворица лекари специјалисти кои повеќе години работат на полето на вакцинацијата. Тие појаснуваат дека вакцинирарањето значи заштита на сопствените деца од заразни болести и заштита на нивното здравје од тешки последици.

Примариус д-р Билјана Трајкова епидемилог од Епидемиолошкото одделение при ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, појасни дека основна функција на ова одделение е следењето на сите заразни заболувања за кои се спроведува имунизација.

– Ние ја следиме редовната задолжителна имунизација и секогаш кореспондира процентот на опфатот со регистрирани заразни заболувања против кои се спроведува имунизација. Последна е 2011 година кога имавме епидемија од 21 лице заболено од морбили, по што не сме регистрирале повисока бројка на заболени. Но јавноста треба да знае дека имунизацијата се врши против најтешките заразни заболувања, коишто можат да завршат со смртен исход и можат да остават многу тешки последици коишто во животот потоа можат да остават или инвалидност или склоност кон други заболувања и го скратуваат животот, заради тоа апелираме кон задолжителната редовна имунизација, односно кон придржување кон календарот на имунизација, посочи д-р Трајкова.

Примариус д-р Петре Крстев, педијатар од ЈЗУ Здраствен дом Велес појасни дека нус појавите кои се јавуваат по вакцинирањето се толку многу мали и безначајни во однос на бенифитот по здравјето на децата.

– Во она време кога имаше морбилите и другите заразни заболувања луѓето и воопшто не размислуваа за можните несакани реакции кои се благи и мали, тие едноставно размислуваа како да се спасат од болеста. Ние во Велес сме добро екипирани и имаме добри професионалци кои работат на имунизацијата и затоа им порачувам на родителите да не ја избегнуваат вакцинацијата и да ги вакцинираат своите деца. Вакцинирањето е единствена превентивна мерка со која децата можат да се заштитат од заразни болести, појасни д-р Крстев.

Примариус д-р Лидија Андонова Панчевска педијатар од ЈЗУ Општа Болница Велес апелира до родителите редовно да ги вакцинираат своите деца и да не се плашат од негативните и многу ретки нуспојави.

– Со вакцинирањето се уништени или сведени на минимум многу заразни заболувања, кои порано предизвикувале епидемија и однесувале многу човечки животи. Воедно ги советувам родителите да не подлегнуваат на притисоците од социјалните мрежи, туку да бараат совет од медицинско лице-стручно и едуцирано што работи со вакцини и да подразмислат за бенефитот од вакцината. Вакцинацијата е задолжителна за да ја заштитиме и нашата околина односно останатите, бидејќи ние сме и општествени суштества и имаме и општествена одговорност, а со вакцинацијата освен своето ќе ги заштитат и останатите деца, потенцира д-р Андова Панчевска.

Д-р Лилјана Христова педијатор во примарно здравство исто така говореше за придобивките од вакцинирањето.

– Најголем отпор кај родителите има за вакцинирање на вакцината МРП-морбили, рубеола паротид, бидејќи на социјалните мрежи се шират невистини дека од неа се јавува аутизам кај малите деца кои уште не проговориле, што не е точно. Ова го шират лаици, но за жал и некои наши колеги лекари. Низ земјава поминуваат и многу луѓе од земји со здраствен ризик, па лесно можат да ни пренесат и заразни болести, што е најопасно за невакцинираните, затоа единствена заштита е вакцинацијата потенцира д-р Христова.

Таа појасни дека по вакцинирањето единствено може да се јави малку покачена телесна температура и грчеви од зголемена температурата. Воедно потенцира дека ХПВ вакцината освен девојчињата тенденција е да ја примат и машките деца со цел да се спречи или намали појавата на карцином.

Примариус д-р Петре Крстев изнесе податок за вакцинацијата во периодот од 2007 до 2011 година во Велес. Од 14.440 вакцинации со клеточна вакцина на пертусис само 119 деца побарале лекарска помош, а од нив само кај 40 имало благ горно респраторен инфект кој не е со индикација за вакцина, појасни д-р Крстев.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство