Поволни кредити за земјоделците

Од:

Владата им одобрила на земјоделските производители поволна кредитна линија за подобрување и развој на нивното годишно и повеќегодишно производство, а кредитот ќе се добива преку Македонската банка за поддршка на развојот.

– Средствата ќе може да се користат по исклучително поволни услови – каматна стапка од 3 проценти што е најевтина во Македонија и пошироко, а износот на средствата ќе се движи од 300 илјади евра. Доколку земјоделците се одлучат за подигнување на средства со краен рок на отплата до 18 месеци тогаш грејс периодот изнесува шест месеци, а доколку крајниот рок на отплата е пет години грејс периодот за негово враќање изнесува една година. Средствата може да се користат и за инвестиции и за обртни средства, рече владиот портпарол Александар Ѓоргиев.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер