Повлечена храна за доенчиња на „Лакталис“

Од:

Се повлекуваат млечната храна за доенчиња со трговско име Picot SL. и производите од брендот Picot SL Celia Prema, Celia Digex -12, Celia Expert 2 со сериски броеви 17С0013095; 17С0012806 и 170012838 по потекло од Франција, од фабриката „Лакталис“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи не треба да ги консумираат и можат да ги вратат на местото каде што ги купиле.

Производите се увезени во Македонија преку Промедика ДООЕЛ од Скопје.

Информацијата дека производите се небезбедни е добиена преку РАСФФ системот за брзо информирање на ЕУ.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он