Повик за воздржување од немири и инциденти од граѓански организации и граѓани

Од:

Група активисти, граѓански организации и граѓани, поттикнати од настаните и нередите што се случија во Скопје на 1 и 2 март, како и најавите за нови протести за утре и за задутре, денеска во Старата скопска чаршија повикаа на смирување на страстите и воздржување од натамошни инциденти и немири.

Повикот е упатен од Старата скопска чаршија, како симбол кој спојува и ги вкрстува патиштата на граѓаните.

Преку повикот се бара институциите на државата што поскоро да ги расветлат причините за избувнувањето на инцидентите за време на меѓуетничките протести во Скопје на 1 и 2 март, а предизвикувачите на насилството да бидат санкционирани и соодветно казнети. Истовремено, се упатува апел до сите сограѓани да не наседнуваат на провокации и манипулации.

– Ние нашата мултиетничност ја изразуваме секојдневно преку начинот на кој живееме. Правото на протест е уставно право на сите, но повикуваме тоа право да се користи достоинствено и без предизвикување инциденти и немири. Повикуваме на смирување на страстите и воздржување од понатамошни инциденти и немири. Ги повикуваме и апелираме сите надлежни институции што побрзо да ги расветлат инцидентите, а во иднина да работат што поревносно и професионално како би спречиле ширење на насилствата и немирите или избивање на нови, се вели во повикот.

Граѓанските организации, активисти и граѓани апелираат до родителите и старателите, да ги заштитат децата од секаков тип ширење етничка, верска, национална, расна и други типови омраза. Децата да не учествуваат во протести без придружба на родители/стратели и да не се злоупотребуваат во политички и партиски цели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Улични војни“ во светските градови: Протестите ескалираа, полицијата употреби сила

Иран погуби 21-годишен шампион во карате, беше осуден за „непријателство кон Бога“

Вооружените напади предизвикаа масовен штрајк во Грција

Горан Наумовски

Половина милион луѓе протестираа против екстремната десница во Лондон, тврдат организаторите

А1он

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски