Повик за номинации за наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец 2020“

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува сите новинари и медиумски работници да номинираат медиум за кој сметаат дека го заслужува признанието „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец 2020“.

Комисијата за избор на добитник на оваа награда номинации ќе прима до 29 октомври 2020, а новинарите и медиумските работници номинациите може да ги испраќаат по електронска пошта на [email protected] или на Фејсбук страната на ССНМ (https://www.facebook.com/Sindikatnanovinari/)

– Признанието ќе се додели на медиумот кој ги задоволува следниве критериуми: континуирано чувство за општествена одговорност, третирање на новинарството како јавно добро преку залагање за слобода на изразување, придржување до кодексот на новинари, третирање на теми од јавен интерес, како и коректен однос кон вработените – почитување на нивните работнички и професионални права, се вели во соопштението од ССНМ.

ССНМ во 2018 година ја воспостави годишната награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“ што го носи името на прерано починатиот борец за слобода на изразување и експерт за медиуми – Роберто Беличанец.

Оваа награда ССНМ ја доделува во партнерство со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Медиа дајверзити институтот од Лондон во рамките на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“, поддржан од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

Орце Костов

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на новинарската екипа на ТВ Телма