Повик за кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, водејќи се од демократските начела, како и од заложбите за транспарентно, чесно работење и постојана блискост до граѓаните , како што напиша  на сајтот, објави повик за кандидирање на кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за Локални избори 2013 година

Кандидат за градоначалник, стои во повикот,  може да биде секој граѓанин кој ги исполнува условите за кандидирање за градоначалник пропишани со Устав и закон, да е член на ВМРО-ДПМНЕ или граѓанин кој не е член на ниту една политичка партија, но се согласува и ги поддржува политиките, заложбите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, бара,  заинтересираните кандидати да поседуваат углед, авторитет и морален дигнитет во местото каде живеат и работат, односно во општината за која аплицираат.

За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи, туку доставување на стандардизирана биографија, детална програма за работа на општината за која се поднесува кандидатурата, како и пополнување на стандардизирана апликација коjа се подигнува во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Потребната документација за кандидирање може да се подигне во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје (Ул Македонија бр 17а), во архивата, секој работен ден од 12 до 7 часот или на веб страната www.vmro-dpmne.org.mk.

„ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во државава овозможува низ максимално транспарентна процедура и преку активно учество на граѓаните да се изберат најсоодветните кандидати за градоначалници. Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги обедини сите граѓани околу мотивот за создавање на силни и просперитетни општини во Република Македонија. Општини кои брзо ќе чекорат кон развојот, со цел подобар живот за граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Електронската форма на документот  е на линкот:

http://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2012/08/Prasalnik-za-kandidiranje-na-kandidati-za-gradonacalnici-na-VMRO-DPMNE-za-lokalni-izbori-2013.docx

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ