Повик од ВМРО-ДПМНЕ: Сите граѓани да ни се придружат во недела на протестниот марш во Струмица

Од:

„Зоран Заев од ден во ден се повеќе ја понижува Република Македонија и ги обезличува Македонците. Заев и нанесе трајна штета на државата и нејзината меѓународна репутација.

Граѓаните наместо лично од Заев, вчера го дознаа референдумското прашање од грчката национална телевизија. Недозволиво е граѓаните да се информираат од странски медиуми за состојбите во сопствената земја. Ова е уште едно во низата потценувања на Македонија приредено лично од човекот кој ја извршува функцијата премиер.

Целата македонска јавност вчера слушна дека за Заев биле важни интересите на Грција и Мицотакис и Каменос, а не интересите на сопствената држава и народ. Заев кажа дека прифатил обезличување на Република Македонија со решение кое ќе има erga omnes употреба за да ги задоволи грчките националистички апетити.

Човекот кој ја извршува функцијата премиер, покажа дека Република Македонија не му значи ама баш ништо.

Зоран Заев ги лаже македонските граѓани во континуитет. Заев ги лаже граѓаните дека целокупната распродажба на државата е за потребите на ЕУ и НАТО, за што беше демантиран токму од ЕУ и НАТО. Наместо распродажба на државата, ЕУ бара реформи и воспоставување на правна држава, нешто што со Заев на власт не е возможно.

Зоран Заев сам, само за да ги задоволи грчките националисти прифати промена на Уставот, јазикот и идентитетот на државата и народот. Заев се откажа од целата историја, се одрече од Македонците во Егејска Македонија и прифати грцизирање на топонимите на местата во истата. За разлика од Бугарите и Србите, поради Заев ние наместо Солун, градот ќе го нарекуваме Тесалоники. Исто така и останатите населени места ќе мора да ги ословуваме со нивните грчки имиња. Иако тоа не важи за другите, заради Заев ќе важи за нас.

На Македонија, ваков премиер не и е потребен! Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во недела на протестниот марш кој што го организираме во Струмица, со почеток во 13 часот во градскиот парк во Струмица. Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање