Повик на претседателот на ЛП за солидаризирање со Студентскиот марш

Од:

По повод Студентскиот марш закажан за 10-ти декември, претседателот на Либералната Партија го упати следниот повик:

„За 10 декември е закажан Студентскиот марш во организација на Студентскиот пленум. Студентите се спротивставуваат на владиното решение за т.н. „екстерно тестирање во високото образование“. Тие имаат легитимна цел и бараат да не се воведе еден непродуктивен механизам на преоценка на нивното високо образование низ брзоплето и нелегитимно менување на законската регулатива. За Либералната Партија ова барање на студентите е оправдано, затоа што сметаме дека доволно се експериментираше во образованието и со учениците, студентите, нивните родители и наставно-научниот кадар.

Затоа, во име на Либералната Партија, го повикувам секој од Вас, Либерал по членство, определба или животна филозофија, родител, слободоумен граѓанин, интелектуалец… кој го споделува овој став, да го поддржи и да се солидаризира со Студентскиот марш. Не сме организатори на оваа активност, но Ве повикувам да ја поддржиме целта на студентите, затоа што не сакаме да профитираме партиски, туку посакуваме нашите деца и внуци да успеат генерациски.

Бидејќи ова не е партиска активност, Ве повикувам нашата солидарност  да ја покажеме како што доликува – без партиско експонирање и партиски обележја, без повици на нетолеранција по било каква припадност и со почитување на редот пропишан од организаторот.

Студентската младина не потсетува дека легитимната цел, добронамерната мисла и отворениот ум се мотивирачки фактор за многумина. Почитувани истомисленици, да покажеме дека сме ја научиле лекцијата од нашата генерациска и интелектуална иднина“, се вели во соопштението на Либералната Партија.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов