Повик до научни установи и истражувачи за воспоставување Европска платформа за податоци за борба со КОВИД-19

Од:

Министерството за образование и наука согласно со одлуките на Европската комисија преку EOSC (European Open Science Cloud) објави повик до домашните научни истражувачи и високообразовни/научни установи за воспоставување Европска платформа за податоци за борба со пандемијата КОВИД-19.

Со цел подршка на иницијативата на Европската комисија за воспоставување на Европска КОВИД-19 платформа за податоци, МОН и номинираните национални претставници во Управниот одбор на EOSC (European Open Science Cloud) иницира собирање информации за сите релевантни истражувачки активности и ресурси кои можат да се стават на располагање за истражување на пандемијата COVID-19 и вирусот SARS-CoV-2.

-Во соработка со Европската комисија, а со поддршка на Управниот одбор на EOSC (EOSC Governance Board), отпочната е иницијатива за воспоставување Европска COVID-19 платформа за податоци за чија реализација е задолжен European Bioinformatics Institute (EMBL-EBI https://www.embl.org/news/science/embl-ebi-leads-international-collaboration-to-share-covid-19-research-data/). На состанокот на Управниот одбор на EOSC одржан на 25 март 2020 година, претставниците на земјите членки и земјите кандидати меѓу кои и Република Северна Македонија ја поддржаа оваа иницијатива и ја презедоа обврската да ги соберат и да ги достават податоците од своите матични држави, наведува МОН.

Европска КОВИД-19 платформа за податоци ќе се фокусира на собирање и споделување клинички и епидемиолошки сетови на податоци и резултати со цел забрзување на истражувањата за пронаоѓање на лекот за SARS-CoV-2 како и борба против COVID-19 пандемијата. Освен податоците, земјите се повикани да ги стават на располагање своите е-инфраструктурни ресурси со акцент на напредни компјутерски ресурси. Иако платформата е насочена на истражувања од доменот на биомедицинските области, сепак не помалку важни се и останатите истражувачки активности насочени на општествените, економските и образовните аспекти на оваа криза предизвикана од пандемијата КОВИД-19.

-Со воспоставување глобална платформа на податоци и научната сфера во Република Северна Македонија може да даде свој придонес во борбата против COVID-19 пандемијата и нејзините последици. За таа цел, ги повикуваме сите установи од оваа област, домашните научни истражувачи и истражувачките тимови, најдоцна до 10 април 2020 година да го пополнат прашалникот и со воспоставување на национална евиденција на релевантни истражувања и ресурси да помогнат во исполнувањето на оваа цел. Прашалникот е достапен на следните линкови. Доколку сте во можност, а и заради полесна размена на информациите со Европската комисија, ве молиме да го пополните прашалникот на англиски јазик. Овозможено е и пополнување на македонски јазик, соопшти МОН.

Прашалник на англиски јазик http://survey.finki.ukim.mk/index.php/765226?lang=en
Прашалник на македонски јазик http://survey.finki.ukim.mk/index.php/765226?lang=mk
Лица за контакт:
Светлана Пинева, МОН, [email protected]
Анастас Мишев, ФИНКИ, [email protected]

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите