А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Повеќе родени и умрени во градовите, подолговечни во селата

by А1он28/06/2017 - 10:15213
Share0

Во Македонија лани се евидентирани 13.536 живородени деца во градските средини или 58,8 проценти од вкупниот број. Во селските средини се регистрирани 9.466 живородени деца, објави Државниот завод за статистика на Република Македонија (МАКСТАТ).

Следете a1on на Instagram Instagram

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања, по региони, има Скопскиот со 36,8 проценти, а најмало Источниот регион со 6,7 проценти.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,5 години наспроти 27,9 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,1 години, а во селските 25,6 години. При првото раѓање, за 2,6 години е помлада мајката од селските подрачја.

Статистичките податоци покажуваат дека лани во градските подрачја починале 12.438 лица или 60,9 проценти наспроти 7.983 умрени лица или 39,1 процент во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 29,3 проценти, а најмало Североисточниот регион со 8,1 процент. Во градските подрачја имало 153 умрени доенчиња, а во селските 120.

Следете a1on на Youtube YouTube

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 72,1 години наспроти 72,8 години во селските или поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја.

Учеството во природниот прираст на населението од градските подрачја изнесува 42,5 проценти, а 57,5 проценти од селските подрачја. Во три региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Пелагонискиот, Источниот и во Вардарскиот регион.

Податоците за внатрешните миграции, во рамки на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 35 проценти имаат преселбите од село во град.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 46,8 проценти, а во Полошкиот регион најголемо е учеството на меѓуселските преселби со 58,3 проценти. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, а најмало во Полошкиот регион.

mortalitetnatalitetstatistika

Би можело да ве интересира

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:09

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Горан Наумовски11/06/2026 - 12:28

Се намалува наталитетот, повеќе се раѓаат машки деца

Горан Наумовски11/06/2026 - 12:21

Производителите ги покачија цените на индустриските производи

Горан Наумовски30/05/2026 - 09:31

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски29/04/2026 - 10:3629/04/2026 - 10:39

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски20/03/2026 - 08:1120/03/2026 - 08:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто