Повеќе патници во меѓународниот и меѓуградскиот превоз

Од:

Бројот на превезените патници во второто тримесечје од годинава во однос на овој период лани бележи зголемување во меѓуградскиот и меѓународниот, а намалување во градскиот и приградскиот превоз.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на патници во градскиот превоз е намален за 1,8 отсто, во приградскиот превоз за 4,4 отсто, а во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6,7, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 78 отсто.

Податоците покажуваат дека во овој период бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 9,2 отсто, во приградскиот превоз за 29,4 отсто, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 10 отсто и во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 70 отсто.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза