Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда

Од:

Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра), покажува новиот извештајот од мониторингот на јавни набавки кој го објавува Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Извештајот посочува дека роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90% од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци, што според ЦГК ја доведува во прашање ефикасноста на функционирањето на институциите, но воедно и улогата која плановите за јавни набавки треба да ја имаат во однос на поттикнување на конкуренцијата.

Просечниот број понуди по тендер лани изнесувал 3, што претставува намалување на конкуренцијата во однос на 2021 година.

Извештајот покажува и дека низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 31 милион евра, што е намалување за 30% во однос на 2021 година, а се намалил и бројот на жалби од фирмите до Државната комисија за жалби по јавните за 34%.

Од ЦГК алармираат и на исклучително високиот удел на поништени постапки, кој според нив фрла сомнеж врз објективноста и законитоста во донесувањето на овие одлуки за поништување. Во 2022 година се поништени речиси третина од тендерите.

Во истражувањето е спроведена и анкета кај компаниите за нивното искуство. Фирмите го оцениле процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани.

Според добиените одговори, најчестиот проблем со кои тие се соочиле во јавните набавки е „најниската цена“ како критериум за избор, нешто на што се пожалиле дури 63% од анкетираните фирми. Дополнително 93% од фирмите сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереални цени и се занемарува квалитетот, а 54% признаваат дека постои меѓусебно договарање на
тендерите.

Речиси половина од компаниите сметаат дека има корупција во јавните набавки. 18% лично се соочиле со корупција на тендерите, а 64% од анкетираните компании сметаат дека врските се најчест облик на корупција.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години

Владата паднала од прво на 40. место според транспарентноста

Ниту едно министерство или општина во земјава нема високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

A1on