ВИДЕО: Повеќе од 100 организации бараат законот за заштита од дискриминација да биде усвоен денеска

Од:

Претставници на граѓански организации, здруженија и платформи денеска со протест пред Собранието побараа законот за заштита и спречување на дискриминација итно да биде донесен на денешната седница.

„Законот повеќе од осум месеци е заглавен во Собранието и покрај јавното ветување од СДСМ дека ќе се донесе во најкус рок. На последната седница претседателот на Собранието без никакво образложение го тргнал законот од дневен ред. Со ова Собранието уште еднаш потврди дека граѓаните не им се приоритет.

Тие изнајдоа решение за усвојување закони за попречување на правдата, за амнестирање, за привилегии на пратениците, ама за ова не најдоа“, рече Елена Петровска од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

Таа рече дека организациите силно ја осудуваат реториката на ВМРО-ДПМНЕ која ја користат од говорницата во Собранието.

„Тие поттикнуваат дискриминација и насилство кон маргинализираните заедници. Ги повикуваме СДСМ и ДУИ да го донесат законот денес и да ги заштитат правата на граѓаните. Партиските игри и личните ставови не смеат да видат пред правата на граѓаните“, рече Петровска.

 „Стојте си на зборот, усвојте го законот”, „Бидете пратеници за сите граѓани”, „Усвојте го законот и започнете со спроведување”, „Шовинисти не можат да штитат од дискриминација”, „Амнестија-неветено остварено, недискриминација-ветено неостварено” се само дел од пораките испратени до пратениците.

Со новиот закон, рече таа, би се надминале постоечките недостатоци во претходниот закон во однос на воведување на пократки рокови на постапката за заштита од дискриминација, зајакнување на независноста на Комисијата за заштита од дискриминација, а се овозможува и тужба за заштита од јавен интерес па се овозможува неформални групи да поднесат претставка во име на граѓаните.

Протестот го поддржаа седум мрежи на граѓански организации и 92 здруженија и фондации што ги застапуваат правата на разни групи граѓани што се соочуваат со дискриминација, како здруженија на Роми, жени, луѓе со попреченост, ЛГБТИ, сиромашни и социјално исклучени граѓани, здруженија на разни групи пациенти, сексуални работници, луѓе што живеат со ХИВ, луѓе што употребуваат дроги, младински организации, мултикултурни здруженија, здруженија што работат на ЕУ-интеграција и се застапуваат за демократизација на општеството во повеќе области.

Кристијан Ландов

 

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ