А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Поведена постапка за загрозување на сигурноста во Велес, осум дена притвор за осомничениот

by А1он20/05/2024 - 15:2520/05/2024 - 15:25674
Share0

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело „Загрозување на сигурноста“. Осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот.

Следете a1on на Instagram Instagram

На 18 мај осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи и дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото, кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша. Со тоа, како што се наведува, кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

– Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

semejno nasilstvoveles

Би можело да ве интересира

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 15:55

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on15/08/2026 - 12:47

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:29

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Катерина Ѓуровски23/07/2026 - 13:03

Кривична пријава за таткото на Меланија за семејно насилство

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:21

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Горан Наумовски13/07/2026 - 17:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео