Поведена постапка за обид за убиство за 60-годишно лице од Богданци

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на 60-годишна возраст од Богданци поради постоење на основано сомневање дека сторилo кривично дело – убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, на 11-ти октомври околу 20:30 часот откако претходно се довел во состојба на пијанство во која бил под дејство на алкохол од 2,97 промили во крвта, со умисла се обидел да лиши од живот на свиреп начин едно лице.

– Жртвата дошла во куќата на осомничениот околу 16:00 часот и двајцата заедно консумирале алкохол. Околу 20:30 часот осомничениот го нападнал оштетениот со тупаница, удирајќи го во пределот на главата. Откако оштетениот паднал на земја, осомничениот зел дрвен стол и со истиот неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата, причинувајќи му интензивни болки и страдања, со што му нанесол тешки телесни повреди и го довел во животно загрозувачка состојба, стои во соопштението.

Ценејќи дека се исполнети законските претпоставки, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот.

Би можело да ве интересира

Приведен тетовец за издржување затворска казна од три ипол години

Ана Ололовска

Осуден убиец кој бил во бегство фатен и спроведен во затвор

Жарко Настоски

Приведени петмина за оруженото разбојништво во стан во Тетово во август

Ана Ололовска

ОЈО Скопје поднесе обвинение за нанесени телесни повреди при семејно насилство

Ана Ололовска

Во базен во Прилеп бил пронајден удавен чуварот на објектот

Ана Ололовска

Прилепчанец загина откако изгубил контрола над мопедот и удрил во столб

Ана Ололовска