Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Од:

Трагично заврши деветчасовната потрага по 63-годишен жител на гостиварското село Форино, кој утрово бил пронајден мртов во атарот на селото Врапчиште.

Според информациите од полицијата, неговите роднини синоќа околу 21:30 часот во ОВР Гостивар пријавиле дека мажот не се вратил дома и дека не можат да го пронајдат. Тој работел како овчар на бачило во околината на Врапчиште.

По пријавата веднаш била организирана потрага, во која учествувале полициски службеници и пожарникари од Гостивар. По речиси девет часа пребарување на теренот, утрово околу 6 часот мажот бил пронајден без знаци на живот, во близина на пат што го градат приватни компании во атарот на Врапчиште.

Смртта ја констатирал лекар, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

Телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски