Поведена постапка за непочитување на здравствените прописи во Битола

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите, двајца сопружници од Битола на возраст од 43 и 40 години, заедно со нивното малолетно дете на возраст од 17 години и уште едно лице од Скопје на возраст од 18 години со престојувалиште во Битола на иста адреса со семејството, биле должни во периодот од 14.03.2020 до 28.03.2020 година да бидат во домашна самоизолација и да не го напуштаат своето живеалиште/престојувалиште, бидејќи допатувале од Италија преку Грција, информираат од Јавното обвинителство.

Но, тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемија на заразната болест предизвикана од коронавирус Ковид-19 и на 19.03.2020 година го напуштиле домот.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот суд Битола на трите полнолетни лица да им определи парична казна во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 40 евра.

За малолетното дете, пак, до судијата за деца при Основниот суд Битола е поднесено Барање за поведување подготвителна постапка.​​

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ