Поведена постапка и побаран притвор за петмина, нападнале две лице со дрвени палки во Гостивар

Од:

Петмината осомничени биле учесници во физичка пресметка во Гостивар, каде на 14 декември годинава, во 14.00 часот во центарот на градот, на прометната улица „Браќа Ѓиновски“ нападнале две лица употребувајќи физичка сила и дрвени палки. Мотивот за нападот е предмет на натамошно утврдување во истражна постапка која ја води надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.

За стореното кривично дело Министерството за внатрешни работи по спроведена акција лиши од слобода пет лица. Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка во која лицата ги гони за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3, во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Имајќи ги предвид видот и тежината на стореното кривично дело, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување на мерката притвор за сите петмина осомничени. Судот со решение го прифати предлогот на обвинителството, по што на тројца од осомничените им определи притвор во времетраење од 30 дена, а на двајца од осомничените им определи куќен притвор. Надлежниот обвинител кој постапува во предметот денеска го обжали донесеното Решение на судот, во делот на определената мерка куќен притвор.​

Би можело да ве интересира

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари