Поведена истрага против осомничен дилер од Скопје

Од:

Поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен скопјанец.

Како што информираат од ОЈО, на 7 април, во домот на осомничениот, на улица „Метохиска“, биле пронајдени 226,89 грама марихуана во полиетиленски пакувања наменети за натамошна неовластена продажба. Освен ова, при претресот била одземена и една дигитална вага.

Од ОЈО дополнуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијае врз постапката или да го повтори делото.​​

Лицето се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ