Државниот секретар од Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска, одржа работна средба со градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.
Од прес-службата на Министерството соопштија дека како врвен приоритет на средбата, Петровска го посочила чистењето на каналот за истекување на езерото од грчката страна.
„МЖСПП ќе иницира, во соработка со МНР, соработка со грчките власти за да се спроведе чистењето во најбрз можен рок. Со чистењето ќе се влијае на подобрување на квалитетот на водата и ќе се превенираат штетите од поплави, кои во моментот ги руинираат плажите и ја срушија патеката околу езерото“, велат од Министерството за животна средина.
За време на средбата било констатирано дека Oпштина Дојран презема бројни активности со цел подобрување на квалитетот на водата на eзерото. Општината во рамки на состанокот ги презентирала приоритетните проекти за кои сè уште не е обезбедено финансирање и побарала помош од МЖСПП.