За да се управува со отпад потребни се инвеститори, за да дојдат инвеститери тие бараат стабилна држава, сигурен правен систем и увид на постоечката структура, ова денеска го исткна претседателот на Романската асоцијација за управување со отпад и член на извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за цврст отпад ИСВА Алексеј Атудореи на денешната конференција на Македонската асоцијација за цврст отпад (МАСВА) насловена „Вмрежување на Македонија во светските трендови за управување со цврстиот отпад“.
Според него, Македонската асоцијација се движи со голема брзина, посебно во последниве три година и дека од мала организација стана важен партнер на централната администрација во Европската Унија.
Атудореи порача дека кога се дизајнира еден систем за управување со отпад треба да се има во предвид и волјата на граѓаните да го платат тоа. Тој даде пример каде во Романија за оперативните трошоци граѓаните плаќаат 70 евра, додека пак во Германија и Австрија тие изнесуваат 300 евра.