Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на конференција на ЕНП во Брисел

Од:

Европската Народна Партија организира конференција на високо ниво насловена “ЕУ – Западен Балкан како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина? ” Конференцијата ќе се одржи на 16-ти Октомври во Европскиот парламент во Брисел. Целта на конференцијата е да се истакне преку две панел дискусија поддршката на евро интеграциските процеси во регионот. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е поканет да се обрати како еден од клучните говорници.

Во соопштението по повод настанот од ЕПП стои дека некој може да биде за или против на политиките за проширување на ЕУ, но никој не треба да го игнорира тоа дека регионот се следи со апетит од други големи сили. Во реалноста, меката моќ на Европската Унија веќе се натпреварува со надворешно политичко влијание, странски инвестиции и дури и различни културни и општествени модели.

Во соопштението се вели и дека Европската Народна Партија ќе продолжи целосно да ги поддржува шесте земји, нивните институции и граѓаните преку процеси на демократизација и модернизација на патот кон членството во ЕУ.

Главните пораки од конференцијата според соопштението се поддршката на политичкиот дијалог помеѓу Европската Народна Партија и земјите од регионот, проценувајќи ја секоја држава на индивидуално ниво според нејзините заслуги, како и инсистирањето на реформите во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и билатералната соработка.

Конференцијата ќе биде отворена од Претседателот на групата на ЕПП во Европскиот Парламент Манфред Вебер.

Ќе се одржат два панели – „Зголемувањето на прекуграничната соработка и справување со безбедносните прашања“ и „Зајакнување на социјал економскиот развој преку регионално вмрежување и дигитална економија“ првиот ќе биде модериран од страна на Елмар Брок, а втората ќе биде модериран од Едвард Кукан.

Покрај Александар Николоски обраќање ќе имаат и Бакир Изетбеговиќ, Претседавач на Претседателството на БиХ, Лулзим Баша, лидер на Демократската Партија на Албанија, Авдулах Хоти Претседател на ПГ на Демократската лига за Косово. Црна Гора ќе биде претставувана од министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ и Србија ќе биде претставувана од страна на министерот за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ.

Покрај другите ќе земат учество и Дубравка Шуица, заменик претседател на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Алојз Петерле, Туне Келам и други европратеници. Конференцијата ќе ја затвори евро комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и Жозев Дол, претседател на Европската Народна Партија.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се очекува да има и бројни билатерални средби на маргините на Конференцијата.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски