Потпретседателот на ЕК, Борел пристигна во Скопје

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје, го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел, заедно со Шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

Вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на Борел и успешни средби што ќе ги оствари со највисоките државни претставници во текот на утрешниот ден.

-Оваа балканска турнеја која потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи, Жозеп Борел, ја започнува токму од Скопје, е добар сигнал дека ние и регионот остануваме во фокусот на Европската Унија. Во пресрет на утрешниот заеднички состанок со премиерот Ковачевски, покрај другите точки очекувам ќе разговараме за украинската криза и за нашата регионална соработка којашто е препозаена како извор на стабилност и безбедност, како и за заложбите за брза европска интеграција на Западен Балкан кон Европската Унија, во што е можно побрзи рокови, напиша вицепремиерот за европски прашања Маричиќ на својот фејсбук профил.

Ова е прва официјална посета на Борел на Северна Македонија, како висок претставник на ЕУ, во чии рамки ќе оствари средби со со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министрите за надворешни работи и одбрана, Бујар Османи и Славјанка Петровска.

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Борел: ЕУ ќе обезбеди два милиони евра за поголема отпорност на Македонија, Албанија и Црна Гора

За Македонија да го продолжи патот кон ЕУ мора да заврши со уставните измени и да напредува во клучните реформи, порача Борел

Борел: Лавров во Скопје ќе чуе директно зошто Русија е осудена и изолирана