Потполковник Нуредини е новиот командант на Првиот механизиран пешадиски баталјон

Од:

Со воена свеченост во кумановската касарна „Боро Менков“ денеска беше извршено примопредавање на должноста командант на Првиот механизиран пешадиски баталјон од досегашниот командант потполковник Али Хајро на новиот потполковник Лулзим Нуредини.

Командантот на првата механизирана пешадиска бригада, полковник Зоран Милески, во обраќањето пред присутните потсети дека баталјонот учествувал во домашни и меѓународни обуки и вежби и отиа во четирите ротации во рамки на мировната операција ИСАФ во Авганистан, и со учеството на перосоналот во операциите АЛТЕА и „Слобода за Ирак“, војниците се стекнале со искуство и достојно ја презентирале АРМ пред странските армии, членки на НАТО.

Новоназначениот командант на баталјонот, Нуредини им се заблагодари на претпоставените за укажаната доверба, како и на поранешниот командант за успешното за водењето на единицата.

– Ние што остануваме, продолжуваме понатаму, критериумите се поставени, целите се јасни, желбата и мотивот се одлична основа за постигнување уште повисоки резултати, рече потполковник Нуредини.

Досегашниот командант на баталјонот Али Хајро, ќе ја извршува должноста началник на секција во штабот на првата механизирана пешадиска бригада.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он