Потписи и протести против поскапувањата

Од:

ОД УТРЕ 07.12.2012 започнува собирањето на неопходните 10 000 потписи за менување на Законот за Регулаторната комисија.
Собирањето потписи, организирано од Граѓанското здружение АМАН, ќе биде секој работен ден од 08:30 до 16:30.
„Поради законските прописи и манипулација на институциите со иницијативата ни остануваат само околу 30 работни дена да ги собереме потписите. ЗАТОА, побрзајте, поканете ги вашите најблиски да ви се придружат и потпишете се за ефтина струја и укинувањето на одлуката за плаќање услуги за оние кои се искл
учени од мрежата на Топлификација“, пишува во објавата на АМАН.

„Излези и ТИ, бори се за СЕБЕ, заедно за НАШЕТО достоинство, НАРОДОТ обединет во борба за подобри услови за живот и СОЦИЈАЛНА ПРАВДА“, повикува АМАН.

Еве каде се потпишуваат жителите на општините низ цела Македонија:

Скопје:
1. Граѓаните на Гази Баба, Арачиново, Илинден и Петровец треба да се потпишат во Општина Гази Баба, барака 1, канцеларија 7
2. Граѓаните на Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер-Сандево треба да се потпишат во Општина Чаир – бул. „Босна и Херцеговина“ бб, барака 16 (тоа се просториите/бараките на старата општина)
3. Граѓаните на Карпош, Ѓорче Петров, Волково и Сарај треба да се потпишат во подр. одделение на ДИК во Козле, кај Угостителско (ул. Стрезово 7)
4. Граѓаните на Центар, Аеродром и Ново Лисиче треба да се потпишат во Општина Центар (кај Матично), барака бр. 1
5. Граѓаните на Кисела Вода, Сопиште, Студеничани и Зелениково треба да се потпишат во Општина Кисела Вода, барака 9, канцеларија 16.

1. Општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково се потпишуваат во Подрачно одделение Куманово
2. Општините Крива Паланка и Ранковце се потпишуваат во Подрачно одделение Крива Паланка
3. Општината Кратово се потпишува во Подрачно одделение Кратово;
4. Општините Штип и Карбинци се потпишуваат во Подрачно одделение Штип
5. Општините Свети Николе и Лозово се потпишуваат во Подрачно одделение Свети Николе
6. Општините Велес, Чашка и Градско се потпишуваат во Подрачно одделение Велес
7. Општините Кавадарци и Росоман се потпишуваат во Подрачно одделение Кавадарци
8. Општина Кочани се потпишува во Подрачно одделение Кочани
9. Општина Виница се потпишува во Подрачно одделение Виница
10. Општина Берово се потпишува во Подрачно одделение Берово
11. Општина Пехчево се потпишува во Подрачно одделение Пехчево
12. Општина Делчево, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево и Зрновци се потпишуваат во Подрачно одделение Делчево
13. Општина Пробиштип се потпишува во Подрачно одделение Пробиштип;
14. Општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село се потпишуваат во Подрачно одделение Струмица
15. Општините Радовиш и Конче се потпишуваат во Подрачно одделение Радовиш;
16. Општина Прилеп се потпишува во Подрачно одделение Прилеп
17. Општините Крушево, Кривогаштани и Долнени се потпишуваат во Подрачно одделение Крушево;
18. Општините Гевгелија, Дојран и Богданци се потпишуваат во Подрачно одделение Гевгелија
19. Општина Валандово се потпишува во Подрачно одделение Валандово
20. Општините Неготино и Демир Капија се потпишуваат во Подрачно одделение Неготино;
21. Општините Битола, Новаци и Могила се потпишуваат во Подрачно одделение Битола
22. Општина Ресен се потпишува во Подрачно одделение Ресен
23. Општина Демир Хисар се потпишува во Подрачно одделение Демир Хисар;
24. Општините Охрид и Дебарца се потпишуваат во Подрачно одделение Охрид;
25. Општините Кичево, Зајас, Осломеј, Другово, Вранештица и Пласница се потпишуваат во Подрачно одделение Кичево
26. Општина Македонски Брод се потпишува во Подрачно одделение Македонски Брод;
27. Општините Струга и Вевчани се потпишуваат во Подрачно одделение Струга
28. Општините Дебар и Центар Жупа се потпишуваат во Подрачно одделение Дебар
29. Општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше се потпишуваат во Подрачно одделение Гостивар;
30. Општините Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце се потпишуваат во Подрачно одделение Тетово.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Повеќе од 150.000 луѓе на антидесничарскиот протест во Берлин

Горан Наумовски