Потпишување договор за проект за деца со пречки во видот

Од:

Проектот на УСАИД и Меѓународната Фондација на Лајонс клубовите за децата со пречки во видот денеска ќе го потпишат Грант договорот за продолжување на проектот до 2020 година, кој ќе овозможи подобрување на образовните можности за децата со оштетен вид, како и рана превенција при евентуални очни болести.

Проектот за деца со пречки во видот, реализиран од Универзитетот на Југоисточна Европа, работи на зголемување на квалитетот и пристапноста на услугите за образование за деца со пречки во видот, со посебен фокус на писменост, со печатење на учебници на Брајово писмо на локалните јазици и кампањи за бесплатни очни прегледи кај деца од предучилишна возраст.

На потпишувањето на договорот најавено е обраќање на претседателот на меѓународната Асоцијација на Лајонс клубовите, Боб Корлу, на гувернерот на Лајонс Дистрик 132 Македонија, Слободан Вукиќевиќ, како и на проректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Ендру Гудспид.

Би можело да ве интересира

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД

На работниците на УСАИД им e наредено да се уништат доверливите документи и персоналните досиеја

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Трамп укинува 1.600 работни места во УСАИД