Потпишување договор за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата

Од:

Договор за заеднички придонес во спроведување на дел од мерките за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата во Република Македонија ќе биде потпишан денеска од министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Македонија, Доина Болога.

Со договорот се обезбедуваат вкупно пет милиони денари. Половина од нив обезбедува Владата, додека другата половина УНФПА.

Договорот е усогласен со Програмата на УНФПА за Македонија за за периодот 2016-2020 година, како и со едно од приоритетните национални прашања.

По потпишувањето изјави за медиумите ќе дадат министерот Филипче и заменик – регионалниот директор на УНФПА, Иан Мекфарлан.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска