„Потпиши дека не штрајкуваш ако сакаш плата“

Од:

Нови проблеми за лекарите од скопските клиники, имено ако сакаат да земат плата, мора да потпишат изјави дека не штрајкуваат, објави Вести 24.

До колективите е доставена наредба од директорите и бланко изјава која мораат да ја потпишат. Ова се случува и на клиники каде не се штрајкува, а лекарите го внесуваат и плаќањето по учинок.

Докторите велат дека се работи за најтешка форма на притисок и обид да се намали бројот на лекарите кои штрајкуваат. Од самостојниот синдикат на клинички пак велат дека ќе го тужат државниот здравствен инспекторат поради испрашувањето на лекарите кои штрајкуваат.

Од министерството за здравство сеуште немаат резултати од државниот здравствен инспекторат за извршените контроли. Од самостојниот синдикат за притисоците, заканите и оспорувањето на правото на штрајк го информираа и народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството