Потпишан Меморандум за соработка меѓу МТСП, МЗ и општина Ѓорче Петров

Од:

Изградба на нова градинка, нова модерна амбуланта и административни простории за потребите на локалната самоуправа на местото на постоечката здравствена институција во урбаната заедница Дексион, преку воспоставување договор за јавно-приватно партнерство. Ова го вклучува Меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа министрите за здравство и за труд и социјална политика, Венко Филипче и Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Преку заемна соработка, поддршка и активности меѓу страните потписнички и приватниот партнер, кој треба дополнително да биде избран на оглас, откако ќе заврши постапката за физибилити студија, очекувањата се дека до средина на следната година треба да биде поставен камен-темелник за овој повеќенаменски комплекс за јавни услуги.

– И се заблагодарувам на Владата за поддршка на овој многу значаен проект за граѓаните, прв од ваков вид, воспоставен меѓу три јавни институции и приватен партнер, со кој ќе овозможиме подобрување и модернизирање на условите во здравството во кои сега работат медицинските лица во нашата општина, но и преку зголемување на капацитетите, намалување на бројот на дечиња кои чекаат да бидат запишани во градинка, рече градоначалникот Наумоски на прес-конференцијата.

Министерката Царовска информираше дека Владата за една година отворила 11 градинки, а до крајот на годината се очекува отворање на уште 13 вакви објекти.

Според министерот Филипче, поголем број од амбулантите, како и таа во Дексион, се во лоша состојба, поради тоа што долги години не е инвестирано во нив. Со ваквите значајни проекти, како што рече, користејќи ги искуствата на модерните западни земји, се очекува состојбата во здравствениот сектор значително да се подобри.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите