Стојкоски: Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров

Од:

Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров! Почитувани, во изминатиот период покажавме дека вистински се грижиме за нашите ученици во основните училишта. Веќе 60 проценти од учениците посетуваат едносменска настава, а крајната цел е во сите училишта во Ѓорче Петров да се оди во една смена, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

– Поставуваме нови приоритети. Предвидуваме доградба на пет основни училишта во општината. Ќе се доградуваат општинските основни училишта „Страшо Пинџур“, „Мирче Ацев“, „Јоаким Крчоски“, и централното и подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, како и основното училиште „Јоаким Крчоски“ во Волково. Со ова, целосно ќе ги зголемиме капацитетите и ќе овозможиме учениците да посетуваат настава во една смена со што ќе им овозможиме повеќе време за слободни активности, повеќе време за престој со нивните родители, со семејствата, и за воншколски активности. Предвидуваме и изградба на нова училишна спортска училишна сала во подрачното училиште во село Никиштане. Од вас зависи реализацијата на овие проекти. На 19 октомври одлучувајте мудро и направете го вистинскиот избор. Гласајте за број 9, вели Стојкоски.

Би можело да ве интересира

Обвинителство со детали за четворицата осомничени за тешки разбојништва во Хром и Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Стојкоски: Продолжуваме со континуирани инвестиции во образованието и подобрување на условите за најмладите

(ВИДЕО) Стојкоски: Ќе изградиме катна гаража во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки