Потпишан Меморандум за соработка меѓу АЦВ и ФЕИТ

Од:

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе соработуваат преку меѓусебна поддршка при инвестициски активности, обезбедување студентска пракса, давање препораки за вработување, како и развојно-истражувачки проекти преку соработка на експертски и професионални тимови, едукативни активности и континуирано образование на инженерско-технички кадар.

За спроевдување на активностите денеска Меморандум за соработка потпишаа директорот на АЦВ Горан Јандреоски и деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски.

Според Јандреоски, Меморандумот е значаен за унапредување на соработката меѓу двете институции, но и солидна основа за мотивирање на студентите од факултетот, да влезат во натпревар на знаења и стекнување нови вештини и искуства, знаејќи дека нивниот труд солидно ќе биде трасиран, валоризиран и награден.

– Соработката меѓу АЦВ И ФЕИТ, преставува импулс повеќе во развојот на севкупните општествени процеси, кои налагаат, образование во функција на потребите на индустријата, но, и неопходност, знаењето да остане единствената моторна и мериторна сила, двигател на европски ориентираните перспективи на македонското општество, порача Јандреоски.

За деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, потпишувањето на Меморандумот со АЦВ, покрај зголемување на соработката е создавање услови за меѓусебна поддршка при реализација на нивните цели.

– Како Факултет соработуваме со многу институции и компании при реализација на нашите истражувачки, едукативни и образовни функции. Нашите студенти во иднина ќе имаат можност да реализираат пракса и во АЦВ, ќе работиме на развојно-истражувачки проекти преку соработка на нашите  eкспертски и професионални тимови, секако и ќе обезбедиме континуирано образование на инженерско-техничкиот кадар. Иако досега сме соработувале со  АЦВ, во иднина ќе ја продлабочиме меѓусебната соработка и преку размена на информации од заеднички интерес, одбележување деловни, годишнини и јубилеи, наведе Ташковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти