Потпишан Меморандум за јакнење на собранискиот надзор над разузнавањето

Од:

Зајакнување на капацитетите на собранискките тела за надзор над разузнавачкиот сектор има за цел Меморандумот „Развој на парламентарен и независен надзор“ што денеска го потпишаа претседателот на македонското Собрание Талат Џафери и директорот на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДКАФ) Томас Гурбер.

– Евроатлантските интеграции се врвен приоритет за нас како парламентарно мнозинство и Влада. Тоа подразбира темелни реформи во безбедносниот и разузнавачкиот сектор, во институциите што имаат мандат за надзор и контрола. Активностите што ќе се спроведуваат како дел од Меморандумот се потврда за напорите што ги прави Македонија за членство во ЕУ и НАТО, рече Џафери по потпишувањето на Меморандумот во Собранието на РМ.

Директорот на ДКАФ Томас Гурбер истакна дека приоритет на македонскиот Парламент се реформите, меѓу кои и за јакнење на капацитетите на комисиите за надзор, преку зголемување на нивната се поважна улога во надворешната контрола.

– Овој пристап ќе му овозможи на Собранието поголема вклученост, ефикасност и крајна независност . Сето ова ја носи земјата поблиску до своите евроатлански интеграции, рече Гербер.

Меморандум за соработка за спроведување на проектот е дел од програмата за реформа на разузнавачкиот сектор во Република Македонија 2017-2020. Финансиската поддршка за негово спроведување изнесува 452.244 швајцарски франци.

Вчера ваков меморандум ДКАФ потпиша и со македонската Влада. По потпишувањето, премиерот Зоран Заев рече дека соработката е клучна за враќање на довербата на граѓаните во оние институции од безбедносниот сектор кои во минатото беа означени како симбол на заробената држава.

ДКАФ е меѓувладина фондација во чиј основачки одбор Република Македонија членува од 2000 година.

Би можело да ве интересира

Попов: Мадинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија

Пратенички прашања во законодавниот дом

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година