Потпишан договор за соработка меѓу МЗ и Регионалната канцеларија на СЗО за Европа

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа Сузана Јакаб по денешната средба во Чешме, Турција, потпишаа двегодишен договор за сорабоптка меѓу Министерството за здравсто и СЗО – Регионална канцеларија за Европа за периодот 2014-2015 година, јави известувачот на МИА.

– Република Македонија е прва земја од Европа која потпиша ваков договор со СЗО во оваа сесија на договори. Тоа ќе ни овозможи на обезбедиме двојно повеќе средства од оние што претходно биле обезбедувани за оваа намена. Тоа се 660.000 до 700.000  евра, кои помагаат да се имплиментираат политики кои се од значење за РМ, особено во делот на здравствените политики, изјави Тодоров.

Договорот се фокусира на техничката поддршка за имплементација на новиот Оперативен план во здравството до 2020 година, како и во областа на незаразните болести.

Министерот за здравство посочи дека имал можност со Јакаб да поразговараат за приоритетите кои ги има Македонија во однос на развојот на здравствениот сектор.

– Ги информирав за повеќе реформски активности кои ги преземаме на овој план, од аспект на здравствената инфраструктура, инвестирањето  во човечки капитал и едукација на доктори специјалисти во Македонија, едукација од странски доктори во Македонија, електронскиит систем „Мој термин“, како и две посебни работи кои влегоа во договорот, што беше предност која и беше дадена на Македонија, истакна Тодоров.

Потенцира дека она што за него претставува силен мотив да продолжи успешната соработка со СЗО е дел од стратешкиот оперативен план кој е вметнат во договорот.

– Тоа е план кој треба да овозможи конктинуитет на сите реформи кои се прават во областа на здравството во Македонија, кој треба да биде во согласност со здравствената политика на СЗО 2020, рече Тодоров.

Ќе се фокусираме, додаде министерот, на стратешкиот оперативен план кој е повеќегодишен и треба да обезбеди континуитет на реформите.

– Втора работа на која ќе се фокусираме се незаразните заболувања. Првпат во Македонија е претставена програмата за кардиоваскуларни заболувања, тука се и малигните заболувања, менталното здравје, сидата, итн, наведе министерот за здравство.

Јакаб изрази задоволство од потпишувањето на одговорот и посочи дека нивната соработка со Македонија досега била одлична и планираат таа да биде уште подобра наредната година.

– Ми беше многу драго да бидам во Скопје за инаугурацијата на Секретаријатот на мрежата на Југоисточна Европа. На овој начин Македонија има водечка улога во регионот меѓу земјите од ЈИЕ во врска со здравството. СЗО во целост ќе ја поддржува Македонија со техничките капацитети за оваа улога ефикасно да ја заврши, додаде Јакаб.

Министерот Тодоров  утре во Чешме ќе се обрати на 63. Годишна сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски