Потпишан договор за отворање на граничниот премин Белановце-Станиќ

Од:

Министерката за внатрешни работи  Гордана Јанкулоска и нејзинот косовски колега Бајрам Реџепи денеска на граничниот премин Глобочица на косовска страна потпишаа договор со кој се предвидува отворање на нов меѓународен граничен премин Белановце-Станиќ што од македонска страна се наоѓа во Кумановскиот регион.

– Потпишавме значаен договор за двете држави бидејќи секогаш отворањето на нови гранични премини претставува нов мост за соработка на сите полиња и во сите области. Од посбно знчење за развој на односите помеѓу две држави се добрите односи помеѓу нивните граѓани и соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи. Овој договор за отворање на нов меѓународен граничен премин најмногу ќе им биде од корист на граѓаните на двете држави од пограничните области, но и од целата територија и ќе придонесе за поголема мобилност и поголема размена во делот на економијата и секојдневниот живот на граѓаните, рече министерката Јанкулоска по потпишувањето на договорот.

Според неа, потпишувањето на договорот покажува дека постои еднаква посветеност на двете влади граничниот премин целосно да профункционира.

– Не можам точно да кажам кога преминот ќе профункционира, но ова е првиот најважен чекор направен од двете влади и ние ќе останеме посветени за исполнување на сите други неопходни услови за обезбедување на инфраструктурата и услови за работа со цел колку што е можно побрзо преминот да биде ставен во функција и да бидат искористени сите оние придобивки од неговото отворање, рече Јанкуловска.

Косовскиот министер Реџепи истакна дека Глобочица е одбрана за потпишување на договорот за отворање нов граничен премин поради инфраструктурата.

– Врз основа на добрата соработка на нашите две држави и особено меѓу нашите две министерства потпишавме договор за отворање на нов меѓународен граничен премин Белановце- Станчиќ. Оваа идеја е од пооодамна од 2008, 2009 година и на крај ја финализиравме со потпишување на договорот. Финасирањето ќе биде од ЕК и големо значење е што тој ќе биде меѓународен премин од А категорија како основа за слободно движење на луѓето и стоките. Ова е во согласност на начелата на ЕУ за слободно движење, а тоа е добро за граѓаните од таа пограничната зона на кои им требаа повеќе километри да дојдат до постојните гранични премини Јажинце и Елезан. На овој начин се спречува и нелегалното преминување во тој планински предел, изјави Реџепи.

Тој посочи дека слободното движење ќе има и економска компонетата за развојот на местата од двете страни на границата.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец