А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Потпишан договор за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа за припадниците на АРМ

by А1он25/12/2018 - 18:10212
Share0

Министерството за одбрана склучи договор за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа за потребите на припадниците на АРМ, што е прва набавка на по два комплета униформи за секој припадник на армијата досега.

Добивај вести на вибер

Сумата на договорот потпишан со штипската компанија „Дона-М“, како што се наведува во преку јавна и транспарентна постапка за јавна набавка на која и претходеше и технички дијалог со заинтересираните компании, е во висина од 54,5 милиони денари со пресметан ДДВ, а вкупната количина комплети на воено – теренската униформа треба да биде испорачана до крајот на март следната година.

Последен пат 5.000 униформи за припадниците на армијата биле набавени во 2013 година и уште 1.100 униформи во 2017 година. Договорот склучен овој месец за 14.000 комплети воено теренска униформа, прв пат ќе ги обезбеди припадниците на АРМ со по два комплети униформи.

Министерката Шекеринска во повеќе наврати ја информираше македонската јавност дека за Министерството приоритет се набавките кои директно влијаат на условите на припадниците на АРМ за работа и живот.

На почетокот на октомври, министерката информираше дека е потпишан и договор за набавка на околу 7.200 пара чизми за припадниците на АРМ од кои 4.350 се веќе испорачани, а остатокот се очекува да биде испорачан идната недела. Откако ќе биде извршена контрола на квалитетот и евентуални лабораториски испитувања во акредитирана лабораторија, чизмите ќе бидат дистрибуирани до војниците. Последен пат војнички чизми за припадниците на Армијата биле набавени во 2012 и 2013 година, но и тогаш во недоволен број за сите припадници на АРМ, додава МО.

armmo

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски07/02/2026 - 18:1007/02/2026 - 18:12

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:46

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:17

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:03

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Горан Наумовски22/12/2025 - 12:03

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

Горан Наумовски18/08/2025 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен