Потпишан анекс на новиот колективен договор за зголемување на коефициентот на медицинските сестри

Од:

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центар, д-р Горан Беговиќ и претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, д-р Љубиша Каранфиловски денеска потпишаа анекс на новиот колективен договор за зголемување на додатокот на плата за прекувремена работа, работа ноќе и работа на дежурство.

Според анексот од новиот колективен договор, вредноста на процентот за ноќен труд на медицинските сестри ќе се пресметува по нов повисок коефициент од 0,50 проценти.

Потсетуваме, претходниот коефициент изнесуваше 0,29 проценти за ноќен труд. Имено, за 8 часа ноќен труд, медицинските сестри со средна стручна спрема ќе земаат нето износ од 440 денари, медицински сестри инструментарки 446 денари, медицинска сестра со висока школа 483 денари, а медицинска сестра со висока стручна спрема 544 денари.

Продолжуваме и понатаму да работиме на подобрување на состојбите во здравството, унапредување на условите и капацитетите во здравствениот систем, како и за зголемување на надоместоците на целокупниот медицински кадар во земјава.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството