Поставени три дополнителни монтажни објекти во транзитниот центар во Табановце

Од:

Транзитниот центар во Табановце изминатите денови се уредува забрзано, поставени се три дополнителни  монтажни објекти и жичана ограда, а се поставува и неопходната инфраструктура за потребите на мигрантите при нивното транзитирање кон соседна Србија.

Во транзитниот центар во Табановце денеска не пристигнал ниту еден воз со мигранти, информираат од невладините организации присутни во центарот.

Од Црвениот крст информираат дека во последно време поголема е бројката на инвалидизирани мигранти кои со возила се транспортираат до границата со Србија.

Доктор Абдула Сабух од Црвен Крст, кој инаку потекнува од Сирија, рече дека во последно време најмногу помош бараат за респираторни проблеми, настинки, температури, болки во мускулите, нозете и проблеми со гадење и повраќање.

– Бараат доста облека и ќебиња. Располагаме со доволна количина на облека и лекови, истакна Сабух, додавајќи дека обично се пружа помош на лице место, а понекогаш се носат мигранти во болницата во Куманово или во Скопје, особено бремените жени и лица со хронични болести како што се дијабетичарите.

Црвениот Крст има четири тима кои 24 часа се присутни на Табановце и кои пружаат помош во храна, облека и хигиенски средства.

Дони Ваникер од Итнернационална Црква од Скопје рече дека последниве два дена е тивко и дека сите се заглавени на Гевгелија поради блокадата на таскистите. – Сепак ние остануваме и чекаме да понудиме помош во облека и храна на сите на кои им е неопходна, истакна таа.

Помош денеска пристигна и во објектот на Македонски центар за граѓанско образование. Баки Шакировски од оваа организација, изјави дека покрај помош за мигрантите во зимска облека и обувки, организацијата помага и во уредување на кампот со инфраструктурни проекти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската