Поставен камен-темелник на затворен градски пазар во Охрид

Од:

Претставници на охридската локална самоуправа предводени од градоначалникот Никола Бакрачески денеска поставија камен-темелникот на новиот објект на затворениот градски пазар.

Бакрачески во оваа пригода истакна дека станува збор за исполнување на едно од ветувањата дадени кон граѓаните на чија реализација, како што истакна, и претходела комплексна и обемна постапка за обезбедување на потребната документација.

– Со оваа капитална инвестиција Охрид ќе добие нова административно-деловна зграда и најсовремен пазар што ќе ги исполнува сите стандарди за трговија и ракување со земјоделски и прехранбени производи од животинско потекло, рече тој.

Станува збор за инвестиција што ќе се реализира по пат на јавно приватно партнерство на oпштината со АД „Илинден“ од Струга, во вредност од речиси четири милиони евра. Објектот е превидено покрај основните инфраструктурни содржини како деловни простории, 190 тезги изработени по сите стандарди, да има и подземен јавен паркинг и тоалети.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски