Поставен камен темелник на црква во гостиварската населба Циглана

Од:

На голем црквено-народен собир во гостиварската населба Циглана, во Гостивар денеска беше поставен камен- темелник на новата манастирската црква „Преображение Христово“.

Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф.

– Ова беше дамнешна желба. Радосни сме што конечно почна реазлизацијата. За две-три години ќе ја осветиме манастирската црква и во неа ќе почнат да се одржуваат богослужби. Оваа црква и манастирскиот комплекс ќе се градат со доброволни прилози. Засега ја добиваме поддршката, што ни влева надеж дека ќе успееме во нашите цели, вели Даниел Радески, од иницијативниот одбор.

Според проектот новиот храм ќе има должина 15 метри, широчина 12, а височината 10 метри и ќе има доволно простор да ги собере верниците од населбата. Црквата е дел од манастариски комплекс кој би требало да сбиде изграден за пет до шест години.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија