Постапуваме законски и не подлегнуваме на притисоци – Врховен ѝ одговори на антикорупциска

Од:

Врховниот суд ѝ одговори на Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси на вчерашниот допис да бидат внимателни кога постапуваат на општата седница поради судир на интереси.

Во соопштението, на кое не пишува дали е од претседателот, или од сите судии, пишува дека Врховниот суд постапува согласно уставните и законските надлежности, применувајќи ги притоа Уставот, законите, меѓународните ратификувани договори, како и праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Соопштението до јавноста

„Судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно Уставот се самостојни и независни во своето одлучување и при вршење на задачите од својата надлежност пред се оценуваат дали има законски пречки да постапуваат во конкретен предмет. Притоа, судиите се раководат од законски предвидените основи за изземање, вклучително и субјективниот тест, односно дали судијата смета дека постојат околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност“, пишува во соопштението.

„Во досегашната пракса судиите кои постапуваат по конкретни предмети, секогаш се изземале во постапки во кои постоеле причини за изземање, вклучително и во постапки по предмети за кои се одлучувало на општа седница, при што не подлегнуваат на било какви надворешни притисоци“, се вели во соопштението.

Од судот појаснија дека лани биле донесени вкупно 150 решенија за изземање судии, од кои 146 се донесени врз основа на барање.

Државната комисија за спречување на корупцијата, вчера испрати допис до Врховниот суд, со кој ги предупреди врховните судии дека не треба да учествуваат на општата седница на која ќе се расправа кој закон за судови да важи за евентуалното нивно разрешување, по поднесените иницијативи на двајца скопски адвокати. Писмото беше адресирано до претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Би можело да ве интересира

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Адеми останува на функција: Не помина барањето на Миљазим Мустафа за разрешување на претседателката на Врховен

Александар Тодески

Судски совет одлучува дали Адеми ќе биде разрешена: Барањето за доработка на извештајот не помина

Александар Тодески

Заврши расправата во Судски совет, дополнително ќе се одлучува дали има одговорност на Адеми или не

Александар Тодески

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески