Постапка за семејно насилство во Велес

Од:

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, поради основано сомнение дека пријавениот при вршење семејно насилство ја повредил неговата сопруга со која не живее заедно затоа што во тек е бракоразводна постпка.

Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот.

Таа претходно повеќе пати го пријавувала за семејно насилство, а против него во тек е и судска постапка за неизвршување на судска одлука.

Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските услови и поднесе предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат и пријавуваат

Тројца уапсени за семејно насилство, седум пријави во последното деноноќие

А1он

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ