Постапка поради прекршување на полицискиот час во Охрид

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице заради кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од охридското Обвинителство.

– Обвинетиот се товари дека вечерта на 26 спроти 27 март, за време на полицискиот час, се движел низ Охрид и со тоа не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19, информираат од Јавното обвинителство.

Охридското обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетиот во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум