Пост-изборна мисија на ПССЕ во Македонија на 10 јули

Од:

Пост-изборна мисија на Парламнетарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе ја посети Македонија на 10 јули.

Како што пишува МИА, Штефан Шенах, известувач на Ад-хок комисијата на ПССЕ, која ги следеше претседателските и парламентарните избори во Македонија претставувајќи ја изборната мисија оцени дека изборите биле добро организирани, а резултатите коректни и покрај констатираните пропусти за време на предизборната кампања.

Шенах посебно изрази загриженост за состојбата во меѓуетничките односи во земјата, за што предизборната мисија на ПССЕ при својот престој во Македонија испрати повик „да не се продлабочува јазот меѓу етничките заедници.“

– За жал, јазот се прошири. Ние повикавме да нема говор на омраза. Но, тој беше присутен – истакна меѓу другото Шенах.

За ПССЕ е необично присуството на 1,8 милиони гласачи во земја која брои нешто повеќе од 2,1 милиони жители. Тој побара преиспитување на гласачките листи и парцијален попис, бидејќи според него е важно да се има доверба во изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини