Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Од:

Вкупно 9.200 бракови биле склучени изминатата година, 4.614 помалку, или со пад од 33,3 проценти за разлика од 2019 година. Кај разводите, во 2020-та година се забележува пораст од 14,7 проценти, со тоа што имало 2284 разводи, или 294 повеќе од 2019-та година.

Според податоците од Министерството за правда, во 2020-та година, на територијата на Република Северна Македонија, биле склучени вкупно 9.200 бракови, за разлика од 2019-та година, кога биле склучени вкупно 13.814.

Низ изминатите 11 години, во просек, годишно се склучувале по 12.650 бракови.

Од друга страна, кај разводите, се забележува пораст од 12,8 проценти. Од вкупно 26 Основни судови на територијата на РСМ, за МИА, 23 доставија одговори за правосилни одлуки по основ на развод во надлежност на нивниот суд. Со податоци од 23 Основни судови, бројката на разводи е за 294 поголема од 2019 година, кога изнесувала 1.990.

Во просек, изминатите 11 години годишно имало по 1.767 разводи.

Би можело да ве интересира

Две жени од Аеродром се нападнати од мажите од кои се разведувале

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Заврши драмата околу разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер

Горан Наумовски

Подеднакво старателство врз децата по разводот на родителите бараат граѓански здруженија

Намален бројот на склучени и на разведени бракови во земјава

А1он

За да и го земе детето по разводот, стружанец извадил лажно уверение дека поранешната сопруга е луда

А1он