Последен ден од кампањата за петтиот претседател, од полноќ изборен молк

Од:

Кандидатите за петти претседател на државата, Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова, ги користат последните часови да ги убедат граѓаните на 5 мај да го дадат гласот за нивните програми. И двајцата очекуваат дека ќе победат в недела, на вториот круг од претседателските избори.

Според Пендаровски, поддршката за него ќе значи подобра перспектива за сите, сигурно одење во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО, но и ставање крај на „груевизмот“.
Неговата противкандидатка Силјаноска-Давкова пак, чиј главен адут е владеењето на правото очекува нашата држава да се реформира во секој поглед и оти реформите треба да почнат од оние најгоре.

Кандидатот кој со нив учествуваше во првиот круг, Блерим Река, преку Фејсбук им се заблагодаи на речиси 80.000 гласачи што го поддржаа и напиша дека нивно е правото да одлучат за кого ќе го дадат својот глас на вториот круг.

-Тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг. Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата претседателска кампања: јас не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб – владеење на правото, порача Река.

Алијанса за Албанците на Централно претседателство вчера заклучи дека вториот круг од претседателските избори се одвива без конкретна понуда за граѓаните и апелираше тие в недела да го изразат својот суверенитет.

– Партијата го повторува ставот искажан за време на изборната кампања дека нејзините приврзаници не ги сметаат за сопственост и плен во функција на тесните интереси на одделни поединци. Секој глас за нас го зајакнува нашето партнерство со вас за градење, заживување и зајакнување на политичката платформа на Алијансата за Албанците во функција на уставната и социоекономската еднаквост на Албанците во Северна Македонија, заклучија од партијата на Зијадин Села.

Демократската партија за интеграција-ДУИ, пак, на митинг во Скопје ги повика своите членови и симпатизери поддршката да му ја дадат на консензуалниот кандидат Пендаровски.

„Да излеземе на 5 мај и да го поддржиме кандидатот што е ориентиран кон ЕУ и НАТО“, порача раководството на ДУИ – коалицискиот партнер на СДСМ во Владата.

Изборниот молк ќе почне на полноќ. За време на 24-часовниот молк ќе гласаат затврениците, болните и немоќни лица, внатрешно раселените и во дијаспората. В недела право на глас ќе имаат 1.808.131 граѓанин запишани во Избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука