Последен ден од кампањата за локалните избори

Од:

Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и со средби со граѓани ја завршуваат изборната кампања за претстојните локални избори.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Дебарца и Вевчани, а митинзи во Струга и Охрид.

Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има завршен митинг во Скопје.

Демократската унија за интеграција ќе има финални средби со граѓани во повеќе општини.

Движењето „БЕСА“ организира средба со граѓани во Чаир.

Кампањата за првиот изборен круг завршува вечер во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ