Поскапуваат горивата

Од:

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе поскапат за денар по литар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена за литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 64,5 денари, а 66 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 55 денари, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 44 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг и сега ќе изнесува 34,759 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на горивата во просек се зголемуваат за 1,28 проценти.

Од РКЕ Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,468 проценти, дизелот за 2,983 проценти, екстра лесното масло за 3,177 проценти и кај мазутот за 1,94 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,23 проценти.

Би можело да ве интересира

Поскапи горива од полноќ

Нова повисока цена на горивата

А1он

Повисоки цени на горивата од полноќ

Намалување на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поскапуваат бензините