Пошта не работи, нема парно

Од:

Вработените од Македонска пошта се испратени на принуден одмор. Одлуката е донесена откако тие се смрзнуваа на работното место поради тоа што институцијата нема парно греење, дознава А1он.

– Тоа не се случува само оваа година, истото се случува години наназад, но никој не презема ништо, велат вработени од Македонска пошта за А1он.

Од Македонска пошта ја потврдија информацијата. Велат, денеска немало никој на работа.

– Јавете се утре, денеска нема никој бидејќи нема парно, рекоа од поштата.

Нервоза кај врвот на Македонска пошта настана откако А1он објави дека директорите новогодишно си се наградиле со по 50 илјади денари. Од таму не ја потврдуваа информацијата, но вработените алармираа за неправдата, дека никој друг освен директорите и раководителите не добиле награда.

Раководството барало одговори кој ја пуштил информацијата во медиумите и се заканувале со санкции ако дознаат кој ја дал информацијата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Поскапува и парното

Куртиши до Апасиев: Поштата три дена не работеше поради невремето, услугите се нормализирани

„Пошта“: Се работи на забрзување на царинските процедури и обработката на пратките

100 нови комби возила за Пошта – Николоски најави подобрување на услугите

Горан Наумовски

Парното поскапува на 1 декември за околу 130 денари

Горан Наумовски