Посетата на Коѕиас прилика за промовирање соработка помеѓу Македонија и Грција и градење на клима на доверба

Од:

Посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Скопје на крајот на месецов ќе биде добра можност да се разменат мислења за последните случувања во регионот, но и уште повеќе да се промовира соработката меѓу двете земји и изградбата на клима на доверба.

Ова го велат грчки дипломатски извори кои повторуваат дека грчкиот дипломат со автомобил ќе патува од Солун за Скопје затоа што нема авионски летови меѓу Грција и Македонија поради името на скопскиот аеродром – „Александар Велики“.

За време на престојот во Скопје, Коѕиас ќе има средба и работен ручек со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, како и неколку состаноци со македонските власти.

Според истите дипломатски извори, кои ги пренесуваат грчките медиуми, главна тема во разговорите на Коѕиас во Скопје ќе биде имплементација и проширување на Мерките за градење доверба со цел да се помогне за подобрување на односите меѓу двете земји.

Грција, како што повторуваат претставници на грчкото МНР, „останува посветена на подобрување на соработката меѓу двете земји, придонесувајќи за консолидација на култура на консензус и компромис со цел стабилност внатре во Македонија и на регионално ниво“.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони