Посета на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев на Општина Чашка

Од:

Тим на ИК на ВМРО-ДПМНЕ предводен од генералниот секретар Игор Јанушев, вчера ја посети општина Чашка, при што беше извршена теренска посета и средба со граѓани, но и состанок со ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка.

„Граѓаните од Чашка се разочарани од политиките на СДСМ, како на домашен, така и на мегународен план.

Лошата економска политика особено во малите места си го прави своето. Граѓаните се соочуваат со зголемени цени на стоките и услугите, а доходот им останува ист.

Јанушев објасни дека тоа се должи на безидејноста на власта, која ниту знае, ниту сака да работи за доброто на Република Македонија, а тоа го гледаме и преку криминалните милионски тендери, кои ги добиваат фирми блиси до власта.

Чашка е уште едно од многуте населени места кои се заборавени од актуеланата власт. Во Чашка нема инвестиции, нема нови работни места, има само тага и иселување.

Младите кои останале во Чашка се повеќе размислуваат на заминување од Република Македонија, бидејќи како што велат со СДСМ не гледаат перспектива.

Оваа власт покрај безперспективноста дома, ни донесе дебакл и надвор. На мегународен план видливи се понижувањата, кои оваа власт ни ги приреди со потпишување на капитулантскиот договор со Грција и граѓаните се срамат од ваквиот чин на власта.

Генералниот секретар потенцираше дека Република Македонија е оштетена страна во овој договор, и дека се губи институционалниот идентитет, културата и историјата.

Штетите кои што оваа власт ги има направено се преголеми и затоа треба да си замине“, се вели во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски